Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.

Судијката Добрила Кацарска минатото рочиште го одложи поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски, кој на рочиштето во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница.

За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава