Продолжува судењето за случајот „Монструм“

Од:

Во Кривичнот суд во Скопје денеска продолжува судскиот процес за случајот „Монструм односно за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април (велики четрток) минатата година.
Судењето против шестмината обвинети, од кои на двајца им се суди во отсуство, почна на 20 декември, но беше одложено на барање на одбраната, која тврдеше дека и е потребен увид во списите на предметот бидејќи им бил ограничен пристапот до доказите.

Обвинителката Гордана Гешковска тогаш барањето на адвокатите го окарактеризира како одолговлекување на постапката со оглед на тоа што, според неа, тие досега имале можност да направат увид во доказниот материјал, но од нивна страна немало никаква иницијатива.
Во процесот за случајот „Монструм“ се обвинети шест лица за тероризам, чија цел според обвинителниот акт била преку убиство на граѓани од македонска надионалност да предизвикаат чуство на несигурност и страв кај населението. Како што се наведува во образложението на обвинителниот акт, тие подолго време го набљудувале теренот околу езерото, каде дел од концесијата имал Фејзи Азири. Убиството го извршиле Агим и Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои од 1,5 метри оддалеченост испукале дваесетина куршуми во четирите момчиња. Потоа со пет куршуми го убиле рибарот Борче Стефановски, по што со два различни авомобила и со други непознати лица избегале од местото. Хаки Азири ги превезувал пред убиството, а Рами Сејди и Фејзи Азири им помогнале на двајца од обвинтите да ја напуштат државата. По барање на адвокатите, обвинетите ќе дадат одбрана откако ќе имаат увид во доказите.

На 12-ти април, минатата годинава на свиреп начин и без причина беа убиени кај Смилковското Езеро Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он