Продолжува судењето за „организаторите на 27 април”

Од:

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април 2017 година.

На предлог на обвинителката Вилма Русковска, на денешното рочиште треба да сведочат премиерот Оливер Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите за насилствата во законодавниот дом. Русковска најави дека како сведок ќе биде повикан и Александар Василевски – Нинџа, осуден на осум години затвор за „27 април“.

На првото рочиште за организаторите на насилствата во Собранието одржано на 26 февруари, обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, се изјаснија дека не се винови за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност”. Поранешните државни функционери од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кои се товарат за организирање на „крвавиот четврток”, кажаа дека го сметаат обвинието против нив за политички прогон.

Обвинителката Русковска, пак, тврди дека ќе докаже оти обвинетите изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство за да спречат мирно примопредавање на власта, што резултира со насилствата на 27 април 2017 година.

Во истрагата за организаторите на „27 април“ беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска