Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Од:

Поранешниот претседател на Собранието на РМ Трајко Вељаноски денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на толпата во Собранието кој се случи на 27 април минатата година. Вељаноски е повикан како сведок од страна поранешниот шеф на неговото обезбедување, обвинетиот Горан Ѓошевски.

Претходно во доказната постапка, од страна на Јавното обвинителство беа презентирани пораки од одземениот телефон на Вељаноски.

На денешното судење покрај Вељаноски повикани се уште неколку сведоци предложени од одбраната.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, обвинетиот Митко Чавков предложи двајца сведоци, на Душко Лазаров тројца и Горан Ѓошевски двајца сведоци, меѓу кои Трајко Вељаноски.

Дополнителни сведоци предложи и одбраната на обвинетите Богдан Илиевски – пет сведоци, Борис Дамовски и Јане Ченто по еден и Абдулфета Алими, кој го предлага пратеникот Зијадин Села.

На претходното рочиште сведочеше обвинетиот соработник на УБК Александар Василевски-Нинџа, а по негов предлог беа сослушани и сведоците Дејан Димкоски – Боксер, Веле Петрушевски и него иот брат Благоја Василевски.

Во судот на сослушување од затворот во Шуто Оризари беше повикан и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Обвинети за крвавиот четврток се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски