Продолжува реконструкцијата на канализациската мрежа во Куманово

Од:

Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата при општина Куманово, соопшти дека од 2 мај ќе почнат градежни работи – попречни приклучоци, на ул.„Перо Шварц“ и ул.„Среќко Пужаљка“, кои се реализираат во рамки нa ИПА – проект „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Куманово“.

– За краткиот период додека се изведуваат градежните работи на овие локации, сообраќајот ќе биде блокиран со цел што е можно побрзо да се изведат градежните зафати. Воедно, ги замолуваме граѓаните да ги отстранат моторните возила од улиците, како и да соработуваат со цел непречено одвивање на работите, стои во соопштението од секторот за урбанизам.

Претходната недела во рамки на проектот градежни активности се спроведуваа на улиците „Перо Чичо“, „Кирил и Методиј“, „Трета Македонска ударна бригада“, „Љупчо Арсов“ и „Чупино Брдо“.

Проектот „Рехабилитација и проширување на канализациска мрежа во општина Куманово” вреден 4,3 милиони евра беше промовиран во октомври минатата година и со него е предвидено да се решаваат проблемите со собирањето и одведувањето на урбаните отпадни води во општина Куманово.

Со овој проект се очекува да се рехабилитираат околу 25 километри од постоечката канализациска мрежа во Куманово.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане