Прoдолжува потрагата по Петар

Од:

Продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, ги упатуваме да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште 071 268-594. Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија