Продолжува кризната состојба за К.П.Д. „Идризово“

Од:

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница даде позитивно мислење за Предлог одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, до 31 јануари 2026 година, за подрачјето на Општина Гази Баба во врска со обезбедувањето на Казнено поправниот дом Идризово.

Како што се наведува во документот доставен до Комисијата, Предлогот за продолжување на кризната состојба се доставува со цел да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Северна Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување и заштита на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносни закани и зајакнување на безбедноста на установата.

Предлог одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, понатаму се проследува на пленарна седница. Точката е дел од дневниот ред на 60. седница на Собранието која треба да започне денеска.

Би можело да ве интересира

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Уапсен затворски полицаец, внесувал дрога во „Идризово“

Пандов: Судница во Идризово е правена по европски стандарди, заслужува почесто да биде користена

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Почина осуденик од затворот „Идризово“