Продолжија општинските бизниси на Нефи Усеини, по неговата советничка оставка

Од:

Веднаш по заминувањето од советничкото место во Општина Охрид, бизнисменот Нефи Усеини продолжи одново да добива тендери и склучува договори со општинските јавни претпријатија. По месец и половина откако му беше усвоена оставката, неговата фирма „Нефи ИК“ склучила договор со ЈП „Охридски комуналец“ вреден 1.006.866 денари или 16.404 евра. Истовремено, стагнираат постапките кои се водат против него за сторени различни кривични дела како спречување службено лице во вршење на службено дејствие, загрозување на сигурноста, градење дивоградби, напад на службено лице. Сите предмети веќе скоро две години стојат во фиоките на охридските обвинители.

Договорот на Усеини со општинското претпријатие ќе трае една година или до 2021 година. Тој е склучен последните денови од месец јануари. Компанијата „Нефи ИК“ на Усеини е должна за над 16 илјади евра да набавува песок и гранулација за јавното претпријатие.

„Количините на извршените услуги ќе бидат сукцесивни по потреба во зависност од потребите на договорениот орган, но не повеќе од вкупно предвидените количини во тендерската документација на договорниот орган. Договорниот орган има право да набави помали количини од дадените во спецификацијата, а носителот на набавката нема  право да приговара за тоа“, стои во договорот.

Договорите на Усеини со општински претпријатија стагнираа година и половина, откако Антикорупциската комисија побара Општина Охрид и претпријатијата да ги раскинат сите договори со фирмите што се во сопственост на Нефи Усеини. Причина за тоа беше судирот на интереси кој го имаше, бидејќи беше и советник од ДУИ. За две години, тој од општинските претпријатија добил 8 тендери, во вредност од над 225 илјади евра. Неговата фирма „Нефи ИК“, имаше склучено 5 договори со ЈП „Охридски комуналец“, 2 со ЈП „Градски гробишта“ и 1 со ЈП „Нискоградба Охрид“.

Името на Усеини стана познато во јавноста откако „А1он“ објави дека тој е инвеститор на две дивоградби во Охрид, односно бетонска база на земјиште од ИВЗ и објект на државно земјиште. Усеини за време на парламентарните избори започна да си ја остранува бетонската база, но нечепнат остана објектот кај Чинарот, за кој од Општина Охрид велат дека е во надлежност на Државниот градежен инспекторат.

Истовремено, на бизнисменот Усеини му се суди за физичкиот напад на неговиот сограѓанин Спире Топаловски. Нефи, заедно со неговиот брат Ибро Усеини беа и во притвор, а на слобода беа пуштени со гаранција од имот вреден 850 илјади евра. Обвинителството веќе две години води повеќе постапки против екссоветникот, за кои уште не знаат дали ќе поднесат обвинение пред судовите.

Би можело да ве интересира

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов