Антикорупциска бара раскинување на договорите со фирмата на Усеини, откако тој зел над 225 илјади евра од тендери

Од:

Антикорупциската комисија бара од Општина Охрид да ги раскине сите договори со фирмите што се во сопственост на советникот Нефи Усеини, дознава „А1он“. Причина за одлуката е судирот на интереси, но и повредата на законите.

Дописот е испратен до градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, кој за оваа одлука треба да ги извести општинските претпријатија.

„Ќе настане судир на интереси доколку Општина Охрид склучи договор со правно лице каде како сопственик се наоѓа член на Советот на Општина Охрид, а како управител се јавува член на семејството“, стои во писмото од антикорупциската комисија.

Усеини е член на Советот на Општина Охрид, а истовремено, од претпријатијата со кои раководи градот, неговата фирма „Нефи ИК“ добиваше тендери со високи суми на пари. За две години, од општинските претпријатија добил 8 тендери, во вредност од над 225 илјади евра. Неговата фирма „Нефи ИК“ склучила 5 договори со ЈП „Охридски комуналец“, 2 со ЈП „Градски гробишта“ и 1 со ЈП „Нискоградба Охрид“.

Последен тендер што го добила фирмата на Усеини е за набавка на плочки, распишан од ЈП „Нискоградба Охрид“. За овој тендер добил над 18 илјади евра преку јавно наддавање. Компанијата „Нефи ИК“ ја одржува и депонијата Буково, која гореше пред две недели, откако претходно го добила тендерот распишан од ЈП „Охридско комуналец“. Вредноста на овој договор е над 47 илјади евра.

Името на Усеини стана познато во јавноста откако се дозна дека тој е инвеститор на две дивоградби во Охрид, а истовремено и советник во Општината. „А1он“ уште од почетокот на градежните активности пишуваше за нелегалните градби, но институциите до денеска сè уште не ги отстранија. Првата е пицеријата „Луна“, која е наоѓа кај Чинарот и истата е завршена. За оваа градба, Усеини во изјава за „А1он“ рече дека очекува општината да му ја легализира.

Бетонската база на брегот од Охридското Езеро е втората нелегална градба, за која Усеини нема никакви дозволи од надлежните органи. Тој вчера во изјава за „А1он“ кажа дека градоначалникот Георгиевски му бара локација каде легално ќе може да ја постави базата.

Би можело да ве интересира

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов

По четири години турбо работа: Обвинителство утврди дека пицеријата на Нефи е дивоградба и го гони