Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Труст“ со доставување нови докази од страна на СЈО кои се однесуваат на плаќањата од 10.000 евра од Трансмет кон фирмата Лагер.
Присутен е бизнсименот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во предметот.
Одбраната бара одлагање бидејќи копиите од доказите не биле читливи за да може вештото лице да ги види и да биде испрашувано. Судот даде еден час пауза.
Во предметот „Труст“ покрај Кочан обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.
Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.