Продолжи Граѓанскиот парламент на „Рекорд“

Од:

И вечерва продолжи Граѓанскиот парламент и отпорот на народот, како рекција на случувањата на 24. декември 2012 година.

Парламент, најавен со химната на опозициските протести, Бела чао, повторно зборуваше за граѓанските вредности, демократијата, слободата на говорот.

Освен во Скопје, протест на Отпорот веќе трета недела се одржува низ сите градови на Македонија, каде граѓани сè помасовно земаат учество на граѓанскиот парламент, барајќи да се врати слободата и демократијата во земјава.

Здружената опозиција во сабота, во 12 часот од пред платото спроти телевизија Сител, пред градскиот стадион „Филип Втори“ во Скопје, ќе го започне големиот сенароден марш наречен „Отпор против режимските лаги“. Маршот ќе продолжи кон зградата на владата, а ќе заврши пред Македонската радиотелевизија.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Мицкоски: Опозицијата продолжува со напади врз нашите стратешки партнери – сега на ред се САД

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија