Продолжение на акцијата „Канџа“ на МВР и УЈП во Тетово и во Гостивар

Од:

Спортски обложувалници во Гостивар и Тетово добија решенија за забрана за работа поради незаконско работење без лиценци, во рамки на продолжението на акцијата „Канџа“ на МВР и на УЈП, што беше спроведена вчеравечер на подрачјето на овие два града.

Извршена е акциска контрола во 17 објекти, од кои 12 на подрачјето на Тетово (Германија, Типико, Журнал и повеќе обложувалници без име) и во 5 на подрачјето на Гостивар (Еуро Шанса, Германија и неколку други без име) поради сомненија зе незаконско организирање игри на среќа.

Утврдено е дека контролираните објекти во Тетово и Гостивар работат незаконски, односно не поседуваат лиценци за работа. Во 13 објекти од страна на УЈП се констатирани 12 кривични дела по чл.156, осум прекршоци по чл.158 и два прекршока по чл.151 од Законот за игри на среќа и за забавните игри. На сите каде беа констатирани неправилности им се издадени решенија за забрана на вршење на дејност. Во акцијата се легитимирани 47 лица, приведено е едно лице заради утврдување на идентитет, а еден малолетник е предаден во СВР Тетово, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Во рамките на контролата се одземени 114.875 денари и 230 евра, 37 телевизори, 27 монитори, 21 компјутер, 21 печатачи, 10 апарати за игри на среќа, седум куќишта за компјутер, три процесори, два ресивери, две покер маси и еден читач.

Според МВР, контролите се реалчизирани успешно, без посериозни инциденти, освен во еден случај каде при контрола на објект во село Речица се собрала група од околу 20 граѓани која насилно ги истуркала членовите на тимот надвор од објектот поради што контролата не била целосно спроведена. – Во спортска обложувалница без име на фирма, сопственост на Н.А.(1956) од с.М.Речица-Тетово, додека службени лица на УЈП составувале Записник за констатирана состојба, во објектот влегле повеќе лица, кои почнале да им се закануваат, а притоа на инспекторот насилно му бил одземен Записникот и другите документи, при што биле расфрлани на подот. Во исто време, на улицата која оди до објектот била поставена блокада со возила „Пасат“ и „БМВ“, а се собрале и поголема група граѓани. По кратко време, од страна на полициски службеници блокадата е одстранета и лицата се разотишле. Во консултација со Јавното обвинителство, по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена содветна пријава во редовна постапка, соопшти МВР.

Вчерашната контрола беше продолжение на февруарската акција „Канџа“ во која кај 12 спортски обложувалници од страна на УЈП се констатирани прекршоци по чл.158 и кривични дела по чл.156 од Законот за игри на среќа и за забавните игри, а исто така беа издадени решенија за забрана на вршење дејност. Тогаш беа легитимирани 122 лица, а при легитимирањето се пронајдени две лица по кои се трагало по распишана потерница. Одземени се 263.453 денари и 440 евра, 55 телевизори и други апарати кои служеле за приредување игри на среќа.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов