Продлабочување на меѓународна соработка помеѓу земјите од регионот и пошироко, за сузбивање на тероризмот

Од:

„Насилниот екстремизам претставува најексплоатираната база за терористичко делување. Затоа од огромна важност е воочување на потребите и причините што можат да доведат до оваа појава, бидејќи ваквите состојби претставуваат закана за просперитетот, владеењето на правото, развојот на модерното општество и севкупната регионална стабилност. Предизвиците со коишто Министерството за внатрешни работи се соочува, во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, од година во година стануваат се покомплексни и наложуваат продлабочување на меѓународна соработка помеѓу земјите од регионот, но и пошироко, особено во делот на меѓународната правна помош,“, ова го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето видео-обраќање на денешната меѓународна конференција на тема „Сеопфатен пристап во борбата против транснационалниот тероризам: глобални предизвици и одговори на тероризмот“, која што ја организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН , заедно со Корот на карабинерите, како дел од активностите за имплементација на твининг проектот на Европската Унија, којшто се однесува на зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризам.

Целта на твининг проектот е зајакнување на ефикасноста и ефективноста на националните органи за гранична контрола, управување со миграциските текови, борба против тероризмот и организираниот криминал, а негов специфичен фокус е зајакнување на техничките и административни капацитети за откривање, истрага и спречување на тероризам.

“Потребен е сеопфатен пристап за борба против терористичките напади. Мораме да го прекинеме циклусот со рано откривање на потенцијалните закани со тоа што ќе знаеме какви активности да преземеме за да се бориме против споменатите напади и ќе сфатиме дека сите ние имаме голем удел во борбата против тероризмот“, истакна во своето обраќање Паоло Воленте, претставник од Корот на карабинерите.

Зборувајќи на темата „Интелигенција со отворен код“ Франческо Ди Џузепе од Корот на карабинерите истакна дека Интернетот стана главниот систем кој криминалците и тероризмот го користитат за комуникација и пренесување информации, како и материјална поддршка за планирани терористички акти, од кои сите бараат специфични технички знаења за ефективна истрага за овие дела. Во овој контекст, според Џузепе исклучително се важни подготовките на работната средина (оперативен систем, виртуелни машини, виртуелни приватни мрежи, прелистувачи итн.), и главните алатки и процедури за враќање на добиените податоци.

Генералниот директор на АЕУ – ФОН Сефер Цаноски на почетокот на конференцијата изрази жалење за загинатите сограѓани во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, при што заедно со останатите присутни изразија почит кон настраданите со едноминутно молчење.

„Теодор Рузвел рекол-Направете што можете, со она што го имате, каде што се. Во овие тешки времиња на пандемијата и во овој свет на брзи промени во кој денеска живееме, ние универзитетите имаме обврска да ја задржиме не само вековната улога која ја имаме да креираме и да пренесуваме знаење, туку и да ги подготвиме нашата професорска, студентска и општествена заедница за новите предизвици кои ги носи денешното време на дигитализација и глобализација. Да одиме напред базирани на најдобриот учител- науката. Научните собири на универзитетите биле и ќе останат најдобрите места за тоа“, истакна во своето обраќање Цаноски.

Ректорот на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, Мирко Трипуноски, потенцираше дека Универзитетот со денешната конференција дава конкретен придонес во развојот на капацитетите на националните безбедносни служби и вештините за борба против организиран криминал и тероризам, како и во развојот и примената на алатките кои се неопходни за решавање на меѓународните безбедносни предизвици под покровителство и во соработка со ОН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.

Конференцијата на тема „Сеопфатен пристап во борбата против транснационалниот тероризам: глобални предизвици и одговори на тероризмот“, Американскиот Универзитет на Европа – ФОН ја реализираше заедно со Корот на Карабинери од Република Италија, која претставува модерна национална полициска сила со воен статус во постојан сервис на јавната безбедност, а со финансиска поддршка од Европската Унија.

На конференција која се одвиваше на хибриден начин, со физичко присуство и онлајн заради ковид протоколите кои ги наметна пандемијата, учествуваа околу триесетина учесници, од седум држави и девет државни и приватни универзитети, пред сè истражувачи и експерти во референтните области од Италија, Грција, Шпанија, Бугарија, Хрватска, Србија, од нашата земја и се разбира од АУЕ ФОН Универзитетот, кој има долгогодишно академско искуство во адресирањето на сите најсуштински проблеми во областа, стекнато низ наставните и научни активности до повеќе факултети.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски

Со 84 рози и 12 бели гулаби АУЕ – ФОН ја одбележа годишнината од смртта на основоположникот на модерната турска држава, Кемал Ататурк

Ана Ололовска