Признанија за три компании со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа во 2021

Од:

„Кромберг и Шуберт“ – Битола, Млекара АД – Битола и Риве Шпед – Богданци се трите ккомпании во земјава најдобро рангирани согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2021 година. Нивниот избор го организираше Националниот совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а министерката Јагода Шахпаска денеска им додели плакети на компаниите кои се избрани согласно оценката на комисиите.

Доделувањето на признанијата на компаниите и оваа година поради пандемијата се одржува подоцна, за време на одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје на работа (БЗР) наместо како што се практикуваше порано, на 28 април – Светскиот ден за БЗР.

​Како што соопшти МТСП, при доделувањето на признанијата инистерката Шахпаска истакна дека човечкиот капитал е најважен и затоа вреди секој влог во обезбедувањето безбедни работни места и зачувување на здравјето при работа.

– Од особено значење е вашиот придонес што вие како компании го давате во ширењето на пораката за важноста на вложувањето во континуиран развој и унапредување на безбедноста и здравјето на работните места, почитувањето и ефикасното имплементирање на законските обврски во оваа област, рече министерката Шахпаска.

Таа изрази задоволство дека бројот на пријавени компании оваа година е значително зголемен за разлика од минатата. Вкупно 23 компании оваа година се пријавија на јавниот повик за избор на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје, за разлика од минатата година кога имаше осум апликанти.

Министерката се осврна и на темата на двегодишната кампања во областа на БЗР -превенцијата и управувањето со мускулно-скелетните нарушувања (МСН) поврзани со работата, како еден од најзастапените здравствени проблеми кои се јавуваат кај работниците во Европа, а се директно поврзани со работата и работните места. Тие се и најчестите причини за инвалидност и за боледување на работниците, а тоа директно влијае на намалена продуктивност и на вработените и на компаниите.

Претседателката на Националниот совет за безбедност и здравје при работа, Јасмина Чаловска, им честиташе на најдоброрангираните компании за нивната посветеност во обезбедувањето безбедни работни места и грижа за здравјето на вработените и ја истакна исклучителноста на работата на стручните комисии за безбедност и здравје при работа кои, како што рече, и во отежнати услови предизвикани од пандемијата успешно си ја завршија работата, ги посетија компаниите со цел да се согледа реалната состојба на терен.

Би можело да ве интересира

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

А1он

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор