Приведено момче кое сакало илегално да влезе од Косово во Македонија

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека било приведено момче кое сакало илегално да влезе од Косово во Македонија, и притоа со своето возило пренесувало стока за која немало документација.

„На 13.09.2020 во 18.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Ј.С.(23) од с.Гошинце, општина Липково. Тој бил спречен при обид илегално да влезе во Република Северна Македонија од Косово. При преглед во возилото „џип командер“ со кумановски регистарски ознаки, во кое се превезувало и малолетно лице, била пронајдена поголема количина трговска стока за која Ј.С. не поседувал никаква документација. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ