Приведено лице по централна потерница за издржување казна затвор од три години

Од:

Приведено е лице кое било барано по централна потерница за издржување казна затвор од три години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (02.02.2022) во 12.45 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со припадници Воена полицијаод Армијата на РСМ го лишиле од слобода Д.А.(44) од с.Семениште, општина Сарај. Тој се барал со Централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 123 во врска со член 24 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари