Вчера попладне, во 16.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР тетово го привеле 66-годишниот А.И. од тетовски Пирок. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Тетово, информира МВР.
Набргу потоа, А.И. бил предаден во установата за издржување на казната.
