Вчера попладне, во 18.30 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода 25-годишниот Г.П. од село Ангелци, информира МВР.
Тој бил баран со потерница за доиздржување затворска казна. Г.П. бил предаден Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.
