Денеска во 09.35 часот на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот Ш.К. од село Цветово, скопско, информира МВР.
Тој се барал со централна потерница за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти МВР.
