Приведено лице од скопско за доиздржување на затворска казна

Од:

Вчера попладне, во 17.45 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода 26-годишниот Т.М. од село Кондово, скопско, затоа што се обидел илегално да ја напушти државата и да премине во Република Косово, соопшти МВР.

– При проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција како лице по кое е распишана потрага од СВР Скопје за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, велат од МВР.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци, по што било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари