Приведено лице од Косово, на граничен премин се обидело да поткупи полициски службеник

Од:

Денеска на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата кон Косово, полициски службеници го лишија од слобода косовскиот државјанин 56-годишниот С.Ј., информира МВР.

– Тој управувал патничко возило комби „фолксваген“, со косовски национални ознаки, а при проверка на возилото, во него била пронајдена поголема количина на роба која ја превезувал, а за која не поседувал никаква документација. Притоа, тој му понудил на полицискиот службеник да го почести, ставајќи му пари во својата косовска патна исправа, соопштува МВР.

По ова С.Ј. бил приведен, а по документирање на случајот од страна на Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионален центар за гранични работи Север против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари