Денеска во 11.30 часот на улицата „Александар Турунџев“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги – Чаир при СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот И.Р. од Скопје, информира МВР.
– Тој бил баран по Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „злоуотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
