Приведени тројца прилепчани за тешки кражби во Струмица

Од:

Полициски службеници вчера привеле три лица од Прилеп за „тешки кражби“ извршени во Струмица, соопшти денеска МВР.

-Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера приведоа три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „тешки кражби“. На 03 февруари 2021 година, по претходно преземени оперативни мерки а врз основа на наредба од Основен суд Прилеп извршени се претреси во домовите на М.Т.(27), М.Д.(29) и Д.Е.(20) сите од Прилеп, при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Лицата се осомничат дека се извршители на две кривични дела “тешка кражба” извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на подесен алат, одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 1.277.030 денари, се наведува во соопштението на МВР.

По наредба на Јавен обвинител, приведените се предадени на полициски службеници од СВР Струмица. Во текот на денешниот ден, лицата ќе бидат изнесени пред судот во Струмица.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски