Приведени тројца криумчари, пронајдени мигранти

Од:

Вчера во 01.40 часот во околината на село Стојаково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица пронашле 19 лица – мигранти – 16 од Индија и тројца од Пакистан, информира МВР.

– По преземени мерки било утврдено дека лицата М.О.(31), А.А.(21) и М.А.(22), сите од Пакистан, лажно се претставувале дека се од Индија, а всушност биле водичи на групата која откако ја прифатиле имале намера да ја пренесат во Република Грција.За случајот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по чија наредба трите лица биле лишени од слобода и приведени во Полициска станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 418 од Кривичниот законик, а во текот на денот (10.02.2022) ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1, информира Министерството за внатрешни работи.

Останатите 16 лица мигранти биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР