Приведени тројца крадци во Скопје, фатени на дело

Од:

Вчера попладне, во 17.20 часот на улица „Македонија“ полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишија од слобода Р.Е.(26), Р.Б.(20) и А.Р.(27), сите од Скопје. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од деловен субјект, информира МВР.

Тројцата биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело, а кај нив биле пронајдени предмети поврзани со делото, соопшти МВР.

За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки по комплетно документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини