Приведени сопружници од Штип, расчистено кривично дело „фалсификување пари“

Од:

По преземени мерки и активности Секторот за внатрешни работи Штип расчисти случај на фалсификување пари и од слобода ги лиши сопружниците 38-годишниот Б.Ф. и 33-годишната С.Ф., двајцата од Штип. При преземањето мерки било утврдено дека Б.Ф. испечатил четири банкноти од 1.000 денари од кои три ѝ дал на С.Ф., а четвртата ја фрлил бидејќи била оштетена, информира МВР.

– Исто така, било утврдено дека С.Ф. една од банкнотите разменила со малолетничка од Штип за две по 500 денари, една дала на лице од Штип за да подмири долг кон него, а последната, откако слушнала дека делото е пријавено, ја скинала и фрлила, соопшти МВР.

Банкнотите биле пронајдени и одземени, како и печатачот и компјутерот на кој биле направени. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари