Вчера попладне, во 13.20 часот во Неготино, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Неготино го привеле 46-годишниот З.Ш. од Неготино за издржување казна затвор, информира МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната. На 18.02.2022 во 14.10 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го привеле Д.П.(33) од с.Стојаково, општина Богданци, за издржување затворска казна, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
