Приведени криумчари на мигранти

Од:

Денеска (04.11.2022) во 14.30 часот во с.Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Л.Р.(21) и А.М.(20), двајцата од Република Србија.

При преглед во возило “мерцедес” со српски национални ознаки, кое го управувал Л.Р., а совозач бил А.М., биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан.

Претходно, возилото не застанало на знак за запирање, даден од полициски службеници, по што во обид да побегне удрило во столб на бензинска пумпа.

Притоа, мигрантите се здобиле со повреди констатирани од екипа на Итна медицинска помош Валандово.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија