Приведени криумчари на мигранти

Од:

Вчера вечер во 22.20 часoт кај место викано „Аниште“, во близина на крстосница за село Фурка, дојранско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода Т.В.(38) од Скопје, Л.А.(66) од Радовиш и П.С.(45) од Радовиш, извести МВР.

– При контрола во возило „мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. Додека, пак возилото „фолксваген поло“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., а сопатник бил П.С., служело како претходница, соопшти МВР.

Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а трите лица биле приведени во Полициската станица Гевгелија. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари