Приведени крадци во Гостивар

Од:

Денеска во 05.30 часот во Гостивар, Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 27-годишниот А.К. од Кичево и 20-годишниот С.К. од Битола поради сомнение дека извршиле тешка кражба во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со албански регистарски ознаки, сопственост на 20-годишната Б.К. од Република Албанија, а кое било паркирано во близина на угостителски објект на излезот од Гостивар кон Кичево, соопшти МВР.

Двете лица, кај кои биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, задржани се во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари