Вчера попладне, во 11.30 часот на улицата Северен булевар во Кавадарци од страна на полициски службеници од Полициската станица во Кавадарци биле лишени од слобода 21-годишниот А.М и 25-годишниот А.О. од Кавадарци, информира МВР.
Тие се сомничат дека на 23 февруари годинава извршиле тешка кражба во хала за производство на контејнери во фирма во Кавадарци. А.М и А.О се приведени во полициската станица и по целосно документирање на случајот ке следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
