Приведени две лица од Скопје барани со потерница

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се приведени две лица кои биле барани со потерница.

„Денеска (18.10.2021) во 13.45 часот во нас.Ќерамидница, од слобода била лишена В.А.(55) од Скопје, врз основа на централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за спроведување на истражна постапка во врска со чл.247 од Кривичниот законик за „измама“.

Во 12.40 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги, на ул.„Народен Фронт“ ја лишија од слобода Г.К.(74) од Скопје за која биле распишана централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за истражна постапка во врска со чл.279 ст.2 од Кривичниот законик за „даночно затајување“’, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари