Приведени двајца тетовци за незаконско реемитување ТВ програми

Од:

Двајца тетовци се приведени поради сомнение дека преку посебен портал препродавале ИП-телевизиски канали на корисници.

Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за економски криминал ги лишиле од слобода В.О.(33) и Б.О.(53) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“, казниво по член 157 од Кривичниот законик.

При претрес извршен на 30.03.2021 со судска наредба, во домот и помошни простории на В.О. на ул.„185“ и во неговите деловни објекти на ул.„Илинденска“ и ул.„120“ во Тетово, пронајдена и со потврда е одземена разновидна опрема која ја користел за реемитување на телевизиски програми, односно преку посебен портал им препродавал ИП-телевизиски канали на заинтересирани корисници.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот