Приведени двајца српски државјани, пронајдени девет мигранти од Куба

Од:

Приведени се двајца српски државјани, откако полицијата констатирала дека во нивното возило се превезуваат девет лица мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата.

Од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица биле лишени од слобода Ф.С.(20) и Б.Е.(19), двајцата српски државјани.

– Имено, во близина на бензинска станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило „голф“, со српски национални ознаки, управувано од Ф.С., каде како совозач бил Б.Е., било констатирано дека во возилото се превезуваат 9 лица мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје возачот и совозачот се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата мигранти се пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР