Приведени двајца криумчари на мигранти од Тетово

Од:

Вчера вечер, во 22.30 часот на автопатот граничен премин „Богородица“ – Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода 35-годишниот Б.А. и 63-годишниот И.А., двајцата од Тетово, информира МВР.

– При преглед во возилото „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица – мигранти од Сирија, соопшти МВР.

Мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.А. и И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари