Приведени двајца криумчари на мигранти од скопско

Од:

Денеска околу 08.00 часот во близина на наплатната станица Демир капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода 22-годишниот Б.И. од село Стајковци, скопско и 24-годишниот И.Ш. од село Студеничани, скопско, информира МВР.

– При преглед во возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал Б.И., а совозач бил И.Ш. биле пронајдени 10 лица илегални мигранти (пет од Сирија, три од Сомалија и двајца од Пакистан). Околу 06.30 часот кај наплатната станица Демир Капија, лицата не застанале на знак за запирање, но по преземени мерки мерки возилото било запрено и двете лица се дале во бегство, но набргу потоа по пребарување на теренот биле пронајдени и лишени од слобода, информира МВР.

Возачот, совозачот и мигрантите биле однесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари