Приведени двајца криумчари на мигранти

Од:

Вчера вечер, во 19.00 часот на место викано „Клисура“ на автопатот А1, во близина на Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода од 22-годишниот С.Р. од селото Брест, општина Чучер Сандево и 25-годишниот Е.Ј. од село Арачиново, извести МВР.

– При преглед во возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р., а сопатник бил Е.Ј., биле пронајдени 14 лица-мигранти (по 6 лица од Сирија и Пакистан и 2 лица од Авганистан). Претходно, во 18.30 часот, на автопатот А1 во правец од Прдејци кон Демир Капија, возилото не застанало на знак за запирање од полициски службеници, а кога било запрено возачот, совозачот и мигрантите се обиделе да избегаат, но биле спречени и лишени од слобода, соопшти МВР.

С.Р. и Е.Ј. биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари