Приведени двајца криминалци, поднесена кривична пријава, одземеното вратено на сопствениците

Од:

Вчера, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода С.Е.(19) и С.М.(18), двајцата од Штип. Тие се сомничат дека во периодот од 02.00 до 03.00 часот физички го нападнале О.Ј.(21) од Штип во неговиот дом и одзеле накит и други предмети, извести МВР.

– Исто така, тие се сомничат дека на 21.09.2022 од домот на М.М.(36) од Штип одзеле личен предмет. Од нив биле одземени предмети кои потекнуваат од ова и други кривични дела и биле вратени на сопствениците, соопшти МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив е поднесена кривична пријава и тие се изведени пред судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари