Приведени двајца криминалци барани по потерници, пронајдена дрога кај нив

Од:

Вчера вечер во 21.30 часот на улицата „Козле“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода 21-годишниот В.З. и 25-годишниот О.С., двајцата од Скопје, извести МВР.

– В.З. бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. О.С. бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, по наредба на Основното јавно обвинителство Куманово за истрага поради сомнение дека сторил кривично дело по член 237 од Кривичниот законик. При претрес на просториите кои заеднички ги користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги, соопшти МВР.

Лицата биле спроведени во надлежните казнено-поправни установи за издржување на затворските казни, а по расчистување и документирање на останатите случаи против нив ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари