Полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода 20-годишниот Ш.Љ. и еден малолетник, двајцата од Скопје, информира МВР.
Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во објект на правно лице на улица „Македонија“. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, соопшти МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.
