Приведени двајца крадци од гостиварско, расчистени осум тешки кражби

Од:

Вчера во 03.45 часот и во 12.50 часот во Гостивар и село Форино, гостиварско, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода 39-годишниот Љ.С. од гостиварско Чегране и 35-годишниот И.С. од гостиварско Форино, информира МВР.

Тие се сомничат дека во текот на минатата и оваа година извршиле осум тешки кражби, односно со употреба на сила и разновиден алат влегувале во спортски обложувалници, маркети и продавници за мобилни телефони во Гостивар и одзеле пари и други предмети, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари