Приведени двајца кавадарчани кај кои била пронајдена дрога

Од:

Претреси биле извршени кај две лица во Кавадарци, пронајдена била дрога, попладнево преку соопштение информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Вчера во 15.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес извршиле преглед над Д.Б.(21) од Кавадарци, при што кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана. Потоа, во периодот од 15.45 до 16.45 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Д.Б.,при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, таблети, кеса со прашкаста материја, дигитална вага, поголема количина зипер кеси за пакување и денари во различни апоени, појасни Додевски.

Вчера, исто така, соопшти Додевски, во периодот од 15.15 до 16.00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и во домот на В.П.(30) од Кавадарци, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, кафеава грутчеста материја, повеќе таблети.

-Поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, Д.Б. и В.П. биле лишени од слобода и приведени во полициската станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението испратено од Додевски.

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога