Приведени дилери во Скопје, пронајдена дрога

Од:

Вчера вечер, во 21.00 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода 28-годишниот К.А. и 31-годишниот Н.Д., двајцата од Скопје, информира МВР.

– При преглед кај нив и при претрес во домот на К.А., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, неколку пакувања марихуана и дигитална вага со остатоци од дрога. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини