Приведена тетовка барана со потерница

Од:

Во Тетово на улицата „Михајло Рајчевиќ“ вчера полициски службеници на СВР Тетово ја привеле 23-годишната тетовка Б.Ј., соопшти денеска МВР.

Таа била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“.

– Претходно, Б.Ј. била пријавена од 30-годишниот тетовец А.С. дека во неговата куќа на оваа улица извршила кражба и одзела повеќе предмети, кои подоцна биле пронајдени и му биле вратени. Б.Ј. била спроведена во Казнено-поправната установа затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната, појаснуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари