Приведена скопјанка која била барана со потерница

Од:

Приведена е скопјанка која била барана со централна потерница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (25.01.2022) во 14.00 часот од полициски службеници од Оперативен тим потраги на бул.„Илинден“ била лишена од слобода О.Ј.(69) од Скопје. За неа била распишана централна потерница, по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од една година во врска со сторено кривично дело по чл.300 од Кривичниот законик. О.Ј. била приведена во полициска станица по што ќе биде спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа