Приведена измамничка од Скопје, ветувала станови, но ја снемувала откако ќе земе пари

Од:

Вчера попладне, во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода 39-годишната Б.Д. од Скопје, извести МВР.

– Таа се сомничи дека од јануари до август 2022 измамила две лица од Гостивар и едно од кумановско за вкупна сума од 9.700 евра. Според пријавеното, таа им ветила дека за одредена сума може да им помогне да купат државни социјални станови, но откако ги земала парите набргу потоа ја прекинувала комуникацијата со нив, соопшти МВР.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас