Приведен жител на Танушевци за нелегален транспорт на 30 мигранти

Од:

Полицијата приведе едно лице од скопско Танушевци за нелегален транспорт на 30 мигранти, информираат од МВР.

Полициски службеници, вчера во 11:00 часот, во близина на тунелите на автопатот во правец Демир Капија-Велес забележале товарно возило „мерцедес“ управувано од Љ.М.(23) од с.Танушевци-Скопје, кој на даден знак од полицијата не го запрел возилото.

По неколку километри Љ.М. го запрел возилото по што побегнал заедно со совозачот Р.Ј.(20) од Скопје. Полицијата го привела Љ.М., а совозачот Р.Ј. успеал да избега.

По проверката на возилото, во просторот за товар се пронајдени 30 мигранти од Авганистан, Ирак и Конго, кои се приведени во Полициската станица Неготино.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на совозачот Р.Ј. и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод