Приведен велешанецот кој пукаше кон полицаец пред црквата „Св.Спас“ во Велес

Од:

Полицијата денеска околу 10.00 часот, го лишила од слобода и привеле во Полициска станица Велес Ѓ.К.(31) од Велес, кој вчера пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полициски службеник му го одзел пиштолот и пукал кон него.

Од МВР денеска соопштија дека вчера околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“ во Велес, на полицискиот службеник Е.М.(46) тој му го одзел службениот пиштол и пукал кон него.

Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица.

По целосно расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ