Вчера вечер, во 22.30 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 21-годишниот Б.Ш. од Тетово, информира МВР.
– За него била издадена судска наредба, со која се барал за доиздржување на затворска казна од една година и 11 месеци, а бил осуден на три години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Б.Ш. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за доиздржување на казната.
