Вечерва е приведен Слободан Близнаковски член на извршниот комитет на ВМРО-Народна партија.
После одржувањето на партиски состанок со општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија во Велес, без никакво образложение, е лишен од слобода Слободан Близнаковски и приведен во полициската станица во Велес.
Тој е член на извршниот комитет на ВМРО-НП и кординатор за изборна единица 3, како и досегашен советник од оваа партија во советот на Град Скопје.
ВМРО-НП со соопштение до јавноста побара од МВР да не ги пречекорува своите должности и да ги почитува човековите права и слободи на луѓето.